Кафе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кафето е пијалак, кој се подготвува од печени зрна (семки) од растението кафе. Тоа е еден од главните извори на човековиот психостимуланс - кофеинот, и според многубројни медицински експерти, создава вистинска зависност (кoфеинизам). Кафето после нафтата е производ со кој најмногу се тргува во светот. Првата кафетерија во Америка била отворена во Бостон во 1670 година.
Кратки факти Тип, Производител ...
Тип | Топол напиток |
---|---|
Производител | Разни |
Земја на потекло | Етиопија |
Се појавил | ~ 800 н.е. |
Боја | Темнокафена / светлокафена |
Затвори
Светскиот ден на кафето, за кој се тврди дека потекнува од Јапонија од 1983 со настан организиран од страна на Сејаpонската кафе организација, се случува на 29 септември како настан одбележан во повеќе земји.[1][2][3]