Катерина Арагонска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катерина Арагонска (шпански: Catalina de Aragón y Castilla, 16 декември 1485 – 7 јануари 1536, се нарекувала и Катарина) била принцеза на Велс, како сопруга на Артур, принцот од Велс, и кралица на Англија, како првата сопруга на кралот Хенри VIII од Англија. Шест месеци била и регент на Англија, додека Хенри VIII бил во Франција. Во тој период, англичаните победиле во Битката кај Флоден, настан во кој Катерина имала важна улога. Контраверзната книга Образованието на христијанските жени од Хуан Луис Вивес, во која се тврдело дека жените имаат право на образование, била посветена на и одобрена од Катерина.
Катерина Арагонска | |
---|---|
Портрет од Катерина Арагонска, Кралица на Англија. | |
Кралска придружничка на Англија | |
На позиција | 11 јуни 1509 – 23 мај 1533 |
Крунисување | 24 јуни 1509 |
Сопружник | Артур, принц од Велс m. 1501; dec. 1502 Хенри VIII од Англија m. 1509; ann. 1533 |
Деца Among others... | Хенри, Војвода од Корнвол Мери I од Англија |
Династија | Династија Трастамара (по раѓање) Династија Тјудори (по венчање) |
Татко | фердинанд II од Арагон |
Мајка | Изабела I Кастиљска |
Вероисповед | Католичка |
Потпис |
Желбата на Хенри VIII да го поништи својот 24-годишен брак, предизвикала низа настани кои довеле до одделување на Англија од Римската црква. Хенри бил незадоволен, бидејќи нивните синови не го преживеале детството, а имале и мртвороденчиња, со што Мери I од Англија станала единствената престолонаследничка. До тој период, жена никогаш не седнала на престолот, иако не постоел никаков закон против тоа. Кога папата Климент VII одбил да го поништи бракот, Хенри му се протиставил со тоа што станал врховник на црквата во Англија. Со ова успеал да се ожени со Ана Болејн без одобрението од папата, надевајќи се дека така ќе успее да добие машки престолонаследник. Катерина никогаш не го прифатила Хенри како врховник на црквата и се сметала себеси, како што мислел и остатокот од Англија и Европа, за вистинската сопруга на Хенри VIII.