Карпа
куп природно наталожени минерали / From Wikipedia, the free encyclopedia
Карпите се составни делови на литосферата составени од збир на повеќе минерали, иако во некои случаи можат да бидат составени само од еден минерал. Иако се создале на различни начини и на разни длабочини, тие може да се најдат на целата Земјина површина, бидејќи се јавуваат во облик на површински пројави. Науката, пак, што се занимава со настанокот, составот, особините и начинот на пројавување на карпите во Земјината кора се нарекува петрологија (грчки: petros-карпа). Сите карпи, според начинот на настанувањето, се делат на три основни групи: магматски, седиментни и метаморфни.