Карл Готхард Лангханс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Карл Готхард Лангханс (германски: [Carl Gotthard Langhans] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); 15 декември 1732 , Ландесхут - 1 октомври 1808 , Гринајхе кај Бреслау) — пруски градител и архитект. Неговите дела спаѓаат во групата на најраните класицистички градби во Германија, меѓу кои најпознато е Бранденбуршката порта во Берлин.
Карл Готхард Лангханс Carl Gotthard Langhans | |
---|---|
Портрет на Карл Готхард Лангханс | |
Националност | Прус |
Познат(а) по | архитектура |
Значајни дела | Бранденбуршка порта |
Правец | класицизам |
Знаењата од областа на архитектурата ги стекнал самообразувајќи се преку записите на римскиот теоретичар Витрувиј. Кариерата ја започнал со нацртот „Zum Schifflein Christi“, а продолжил да работи како градежен инспектор. Патувал низ повеќе европски земји, каде се запознал со примената на различните стилови. Во своите дела главно користел елементи, карактеристични за барокниот и класицистичкиот архитектонски стил.
Иако бил засенет со дејноста на Карл Фридрих Шинкел, Лангханс се смета за еден од најпознатите берлински архитекти, во чијашто чест во 1982 и 2007 година биле издадени поштенски марки, одбележувајќи 250 и 275 години од неговото раѓање.