Карлос Алкарас
шпански тенисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Карлос Алкарас Гарфија (шпански: Carlos Alcaraz Garfia; роден на 5 мај 2003, во Ел Палмар)[4] — шпански професионален тенисер. Најдобриот пласман во поединечна конкуренција го остварил на 12 септември 2022 година, кога се искачил на првото место на АТП листата на најдобрите тенисери, станувајќи најмладиот тенисер во отворената ера кој остварил таков успех.[5][6][7]
Алкарас на Мастерсот во Монте Карло 2022 | |
Име | Карлос Алкарас Гарфија |
---|---|
Земја | Шпанија |
Место на живеење | Виљена, Шпанија |
Роден на | 5 мај 2003(2003-05-05) (21 г.) |
Роден во | Ел Палмар, Шпанија |
Спорт | Тенис |
Висина | &100000000000001830000001,83 м[1] |
Професионалец | 2018 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Тренер(и) | Хуан Карлос Фереро |
Заработка | US$27,427,247[2] |
Победи-порази | 161–46 (77,8%) |
Титули | 13 |
Највисок пласман | Бр. 1 (12 септември 2022) |
Сегашен пласман | Бр. 2 (11 септември 2023)[3] |
Австралијан Опен | ЧФ (2024) |
Ролан Гарос | ПФ (2023) |
Вимблдон | П (2023) |
УС Опен | П (2022) |
Други турнири | |
Мастерс куп | ПФ (2023) |
Победи-порази | 3–3 (50,0%) |
Титули | 0 |
Највисок пласман | Бр. 519 (9 мај 2022) |
Ажурирано на: 17 февруари 2024. |
Професионалната тениска кариера Алкарас ја започнал во 2018 година, и до денес има освоено 12 титули на турнирите од АТП серијата, вклучувајќи ги и двата гренд слема досега освоени во кариерата Отвореното првенство на САД 2022[8] и Вимблдон 2023.[9] Покрај тоа, има и 5 освоени титули на турнирите од АТП Мастерс серијата и уште четири од АТП серијата 500.
Моментално е рангиран на второто место на АТП листата.[3]