Каон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каон ( K-мезон) и ознака К[nb 1] — која група од четири мезони, карактеристична по квантниот број наречен чудност. Во кварковиот модел се подразбира дека тие се сврзани состојби на еден чуден кварк (или антикварк) или горен или долен антикварк (или кварк).
Состав | K+ : u s K0 : d s / s d K− : s u |
---|---|
Статистика | Бозонска |
Заемодејства | Силно, слабо, електромагнетно, гравитациско |
Симбол | K+ , K0 , K− |
Откриена | 1947 |
Видови | 4 |
Маса | K± : 493,677 ± 0,013 MeV/c2 K0 : 497,648 ± 0,022 MeV/c2 |
Ел. полнеж | K± : ±1 e K0 : 0 e |
Спин | 0 |
Чудност | 1 |
Каоните се покажале како изобилен извор на информации, за природата на основните заемнодејства, од нивното откривање во космичките зраци во 1947 година. Тие биле од суштинско значење, за воспоставувањето на темелите на стандардниот модел на честичната физика, како што е кварковиот модел на хадроните и теоријата за мешање на кварковите (подоцна теоријата е наградена со Нобеловата награда за физика во 2008 година).
Каоните одиграле значајна улога во нашето разбирање на основните закони за запазување: CP-нарушувањето, појава која ја создава асиметријата на набљудуваната материја-антиматерија во универзумот, откриена во каонскиот систем во 1964 година (што било потврдено со Нобелова награда во 1980 година). Понатаму, директното CP-нарушување било откриено во каонските распаѓања во раните 2000-ти години, од страна на експериментот NA48 во ЦЕРН и експериментот КТеВ во Фермилаб.