Камиказе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Камиказе (јапонски:神風, буквален превод: „божји ветер“) Токубетсу Коогекитаи (Tokubetsu Kougekitai (特別攻撃隊)) Токоо Таи (Tokkō Tai (特攻隊)) Токо (Tokkō (特攻)) беа самоубиствени напади од воените пилоти на Јапонската империја против бродовите на Алијансата во завршните фази на походот на Тихиот Океан во Втората светска војна, осмислени да уништат што повеќе воени бродови.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Камиказе пилотите намерно се обидувале да удрат со нивниот авион во бродовите на непријателот — тоа биле авиони натоварени со експлозиви, бомби, торепеда и полни резервоари со гориво. Нормалните функции на авионот (да испушта торпеда и бомби или да пука во други авиони) биле занемарени и авионите биле всушност претворени во мисили управувани од луѓе во обид да се искористи мошне зголемената прецизнот и екплозивната моќ поголема од таа на нормалните бомби. Целта да се оштетат што е можно повеќе бродови на Алијансата, особено носачи на авиони, се сметала за доволно критична да ја гарантира двојната жртва на пилоти и авиони.
Овие напади кои започнаа во октомври 1944 г., беа проследени со неколку критични воени порази за Јапонците. Тие од одамна ја беа загубиле возхопловната доминантноста како резултат на застарените авиони и загубата на искусни пилоти. На макроекономска скала, Јапонија искуси намалена способност да води војна, и брзо опаѓање на индустрискиот капацитет поврзан со САД. Јапонската влада беше неодлучна да се предаде. Во комбинација, овие фактори доведоа до употребата на камиказе тактики како што силите на Алијансата се приближуваа кон јапонските острови.
Додека терминот „камиказе“ обично се однесува на воздушните напади, терминот понекогаш се употебува за разни други интернационални самоубиствени напади. Јапонската армија правеше планови за Специјалните јапонски единици за напад (или шумбутаи), вклучувајќи и такви кои инволвираа подморници, човеки торпеда, моторни чамци и нуркачи. Иако камиказе беше најчестиот и најпознатиот самоубиствен напад за време на Втората светска војна, тие беа слични на банзаи нападите вршени од јапонските војници. Главната разлика меѓу камиказе и банзаи е тоа што самоубиството е неопходно за успехот на камиказе нападот, додека пак банзаи е само потенцијално самоубиствен — т.е. напаѓачите се надеваат да преживеат, но не го очекуваат тоа. Западните извори често погрешно ја сметаат Операцијата Тен Гоу (Operation Ten-Go) како камиказе операција, затоа што се случи за време на Битката на Окинава заедно со масивните бранови на камиказе авионите; сепак, банзаи е поточниот термин, затоа што целта на мисијата беше воениот брод Јамато да се закотви и да обезбеди поддршка на бранителите на островот, спроти судирање и детонирање меѓу морепловните сили на непријатлот.
Традицијата на самоубиство наместо пораз, заробеништво и јавен срам била длабоко вкоренета во јапонската воена култура. Таа била една од основните традиции на самурајскиот живот и кодот бушидо: лојалност и чест сè до смртта.