КАФ Лига на шампиони
From Wikipedia, the free encyclopedia
КАФ Лигата на шампионите е годишно континентално клупско фудбалско натпреварување управувано од страна на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ). Најдобрите клубови од најдобрите фудбалските лиги во Африка се поканети да учествуваат на ова натпреварување, кој е најважното клупско фудбалско натпреварување на континентот и е еквивалент на УЕФА Лигата на шампионите. Поради спонзорскиот договор со француската компанија Тотал, официјалното име на натпреварувањето е Тотал КАФ Лига на шампиони, или исто така во употреба е и Тотал Лига на шампиони.[1]
Регион | Африка |
---|---|
Конфедерација | КАФ |
Основана | 1964 (од 1997 во моменталниот формат) |
Број на клубови | 16 (групна фаза) 52 (вкупно) |
Тековен првак | Есперанс Тунис (4. титула) (2018-2019) |
Најмногу титули | Ал Ахли (8) |
Мрежно место | КАФ Лига на шампиони |
Трофеј | |
КАФ Лига на шампиони 2019-2020 |
Победникот на турнирот стекнува право да учествува на Светското клупско првенство, турнир на кој се натпреваруваат сите клубови шампиони од сите шест континентални конфедерации, а исто така се соочува и со победникот на КАФ Купот на конфедерации во Суперкупот на КАФ следната сезона.
Египетскиот Ал Ахли е најуспешниот клуб во историјата на натпреварувањето, освојувајќи го турнирот осум пати. Египетските клубови имаат акумулирано најголем број победи, освојувајќи ја титулата 14 пати. Моментален шампион е мароканската Видад Казабланка, кои ја забележаа својата втора титула во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Ал Ахли во финалето 2017.