Индоганшка Низина
рамнина во Индија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Индоганшка Низина — голема плодна рамнина со површина од 2.550.000 км2, на територијата на северна и источна Индија, источен Пакистан и речиси целиот Бангладеш.[1] Наречена е по реките Инд и Ганг, и опфаќа поголем број на значајни населени места. Ова е едно од најгусто населените подрачја во светот, со вкупно население од 400 милиони жители. На север од низината се протегаат Хималаите, од кои извираат многу реки и се причинител за големата алувијалност. На југ, низината се граничи со висорамнината Чота Нагпур, а на запад се издига Иранската Висорамнина.