Изер (река)
река во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Изер (француски: Isère, франкопровансалски: Isera, окситански: Isèra) — река во регионот Оверњ-Рона-Алпи, југоисточна Франција. Извира од ледник на Грајските Алпи во Савоја, близу скијачкото гратче Вал д'Изер на границата со Италија. Се влева како крупна лева притока на Рона неколку километри северно од Валанс.
Оваа статија се однесува на река во југоисточна Франција. За истоимената река во Фландрија, погл. Изер (река во Фландрија).
Кратки факти Изер, Изворно име ...
Изер | |
---|---|
Изер низ центарот на Гренобл | |
Изворно име | Isère / Isera / Isèra |
Местоположба | |
Земја | Франција |
Регион | Оверњ-Рона-Алпи |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Гранд Егиј Рус, Грајски Алпи |
• координати | 45.4458° СГШ; 7.0963° ИГД / 45.4458; 7.0963 (извор на Изер, Гранд Егиј Рус) |
• надм. вис. | ± 2.900 м |
Устие | |
• место | Рона |
• координати | 44.9822° СГШ; 4.8522° ИГД / 44.9822; 4.8522 (утока на Изер во Рона) |
• надм. вис. | ± 110 м |
Должина | 286 км[1] |
Големина на сливот | 11.890 км2[1] |
Проток | |
• просечен | 329 м3/с[2] |
Особености на сливот | |
Течение | Рона→ Средоземно Море |
Притоки | |
• леви | Арк, Драк |
• десни | Арли |
Затвори
Хидронимот се среќава во имињата на разни населени места во поречието како што се Сент Елен на Изер и Роман на Изер. По реката е наречен и департманот Изер.