Игдир (покраина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Игдир (турски: Iğdır ili) — покраина во Источна Турција што се граничи со Ерменија, Азербејџан и Иран. Соседни покраини во Турција се Карс на северозапад и Агри на запад и југ. Покраината зафаќа површина од 3.587 км2, а населението брои 184.418 жители[2]
Кратки факти Игдир Iğdır ili, Земја ...
Игдир Iğdır ili | |
---|---|
Покраина во Турција | |
Местоположба на покраината Игдир во Турција | |
Земја | Турција |
Регион | Источна Анадолија |
Површина | |
• Total | 3,587 км2 (1,385 ми2) |
Население (31 декември 2010)[1] | |
• Total | 184,418 |
• Густина | 51/км2 (130/ми2) |
Повик. бр. | 0476 |
Рег. таб. | 76 |
Мреж. место | igdir.gov.tr |
Затвори
Во Игдир се наоѓа највисоката планина во Турција - Арарат со 5.137 м, иако покраината е претежно рамничарска. Покраината се одликува со најтопла клима во Турција, и затоа во неа успева памукот. Според библиските преданија, Игдир е местото кајшто стасал пророкот Ное кога го пребродувал големиот светски потоп. Границата со Ерменија ја следи реката Аракс.
Административен центар на покраината е градот Игдир.