Иво Андриќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Иван „Иво“ Андриќ (српски: Иво Андрић); (во Долац, 9 октомври 1892 – Белград, 13 март 1975 ) — југословенски писател,[1][2] добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година.[3] Неговите теми најчесто биле на теми поврзани со неговата родена Босна за време на отоманското владеење. Неговата родна куќа во Травник е музеј, како и неговиот стан во Белград кој е домаќин на „Музејот Иво Андриќ“ и „Фондацијата Иво Андриќ“.
Кратки факти Иво АндриќИво Андрић, Роден/а ...
Иво Андриќ Иво Андрић | |
---|---|
Роден/а | 9 октомври 1892(1892-10-09) Долац кај Травник), БиХ, Австроунгарија |
Починат/а | 13 март 1975(1975-03-13) (возр. 82) Белград, СР Србија |
Почивалиште | Нови белградски гробишта, Белград |
Занимање | писател, дипломат |
Националност | Југословен |
Значајни дела | Мостот на Дрина, Проклета авлија, Травничка хроника |
Значајни награди | Нобелова награда за литература (1961) Орден херој на социјалистичкиот труд (1972) |
Години на активност | 1911–1974 |
Сопруг/а | Милица Бабиќ-Јовановиќ (1958–68; до нејзината смрт) |
Потпис |
Затвори