Зодијак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зодијакот претставува замислен појас на небесниот свод и се протега приближно 8 степени од двете страни на сончевата еклиптика (патеката на Сонцето) којшто ги вклучува и еклиптиките на Месечината, и на планетите Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Името зодијак потекнува од грчкиот збор ζώο - што значи животно. Постои зодијак и во хиндуистичката астрологија, сличен на овој во западната астрологија и многу поразличен зодијак во кинеската астрологија.