Знаме на Куба
државно знаме / From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Куба е официјалното знаме на оваа островска држава во Средна Америка. Знамето е официјално усвоено на 20 мај 1902 година и е составено од еднакви пет хоризонтални ленти од кои три се во сина, а две во бела боја. Од левата страна има црвен триаголник на кој има приказ на бела петоктака. Знамето било создадено во 1848 година за време на ослободителното движење.
Кратки факти Употреба, Сразмер ...
Употреба | државно и пловно знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 20 мај 1902 |
Опис | Пет хоризонтални ленти во сина (3 ленти) и бела (2 ленти) боја. Во прицврстениот дел од знамето се наоѓа црвен триаголник со бела петокрака. |
Творец | Нарсисо Лопес |
Затвори
Според официјалниот опис, сините ленти ги претставуваат три дела со кои била поделена Куба пред независноста, додека белите ленти ги претставуваат идеалите за слобода. Црвениот триаголник претставува плодност, еднаквост и слобода како и крвта на народот кој се борел за независноста на Куба. Белата ѕвезда симболизира слобода.