Знаковен јазик
начин на општење по пат на движења со рацете и телото / From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаковен јазик — јазик во кој општењето се врши со помош на гестови и говор на телото без да се потпира на звучни симболи. Мислите на говорникот се изразуваат со гестови — промена во ориентацијата и движењето на рацете, рамената и телото, како и изрази на лицето. Знаковните јазици најчесто се користат од заедниците со оштетен слух.[1][2]