Златно време на холандското сликарство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Златно време на холандското сликарство — период во историјата на холандската уметност. Ова се уметничките случувања за време на холандското „златно време“, (XVII век), во кој холандската трговија, наука, и уметност била меѓу најценетите во светот. Сликарите од овој период оставиле големо и длабоко наследство во светската уметничка историја.
Историја на холандското и фламанското сликарство | |
Ранофламанско (1400 – 1500) | |
Ренесансно сликарство (1500 – 1584) | |
Златно време (1584 – 1702) | |
Листа на холандски сликари | |
Листа на фламански сликари |
Делата од ова време главно се класифицираат како:
- историски
- портретура (поединечна и групна)
- пределни на природа и градови
- мртва природа
- битови или сцени од секојдневниот живот
Се јавувале и комбинации на горенаведениве категории. Тука често се користеле алегории, во кои насликаните предмети носеле јавна симболичка смисла. На пример, во една мртва природа може да има череп, песочен часовник и изгасена свеќа, симболи на смртноста. Годишните времиња често се прикажани преку човековите активности типични за тоа време (лизгање, сеидба, жетва и сл). Сликите често биле со поучна содржина затскриена под површината.