Зимски олимписки игри 2018
From Wikipedia, the free encyclopedia
XXIII Зимски олимписки игри, познати и уште како Пјонгчанг 2018 — зимски олимписки игри коишто се одржале од 9 до 25 февруари 2018 година во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Пјонгчанг бил избран за град-домаќин во јули 2011 година, за време на 123. конгрес на Меѓународниот олимписки комитет одржан во Дурбан, Јужна Америка. Ова се први Зимски олимписки игри одржани во Јужна Кореја, и втори олимписки игри одржани во земјата, по Летните олимписки игри 1888 одржани во Сеул.
XXIII Зимски олимписки игри | |
---|---|
Официјално лого на Зимските олимписки игри 2018 | |
Град-домаќин | Пјонгчанг, Јужна Кореја |
Гесло | „Поврзани со страст“ |
Земји-учеснички | 92 |
Натпреварувачи | 2.952 |
Натпревари | 102 од 7 спортови |
Свечено отворање | 9 февруари |
Свечено затворање | 25 февруари |
Отворена од | Мун Џае-Ин |
Натпреварувачка заклетва | Мо Тае-Бум[1] |
Олимписки оган | Јуна Ким[2] |
Стадион | Олимписки стадион |
На овие игри биле одржани 102 натпревари во петнаесет спортски дисциплини, во кои биле вклучени и новите дисциплини биг ер (скијање на даска), масовен старт (брзо лизгање), мешани парови во карлинг и мешани екипи во алпско скијање кои биле додадени на зимската олимписка програма. Се очекува да настапат 2,952 натпреварувачи од 92 национални олимписки комитети, вклучително и првите настапи на натпреварувачи од Еквадор, Еритреја, Косово, Малезија, Нигерија и Сингапур.