Зеландија
континент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Зеландија (Zealandia, исто така позната како Тасмантис или Новиот континент Зиленд_, е потопен континент или микроконтинент кој потонал по одвојувањето од Австралија пред 60-85 милиони години[1] и од Антарктик пред 130 и 85 милиони години.
Овој континент комплетно е потопен пред околу 23 милиони години[2] а поголемиот дел од него (93%) останал под Тихиот Океан.
Зиландија има површина од 3.500.000 квадратни километри, и со тоа е поголема од Гренланд или Индија, а речиси е половина од површината на Австралија. Необично е долга и тесна, и се протега од Нова Каледонија на север до подантарктичките острови на Нов Зеланд на југ (латитуда од 19° до 56° југ).[1] Нов Зеланд е најголемиот дел од Зиландија кој се наоѓа над површината на морето.
Најголемите потпоени делови на Зеландија се Лорд Хауовиот Остров, Челинџерското Плато, Кемпеловото Плато, гребенот Норфолк, и островот Четем. Помалите делови ги опфаќаат Луизијада Плато, островот Мелиш, Кен Плато, Честерфилд Плато и гребенот Дампер.[3]
На Зеландија ѝ припаѓаат големите крајбрежни рибници, како и најголемото поле на гас во Нов Зеланд, блиску до Таранаки. Дозволата за искористување на нафтата во Големиот Јужен Басен е дадена во 2007 година.[4] Минералните наоѓалишта вклучувајќи ги железниот песок, вулканските сулфиди и фероманганот се настанати подоцна.[5]