Зебра
животно ишарано со црно-бели линии од фамилијата на коњи / From Wikipedia, the free encyclopedia
Зебрата е член на семејството на коњи кој се одликува со живописна телесна покривка со бели и црни линии. Зебрите се наоѓаат само во Африка, но нивните забележливи линии ги прават едни од најпознатите цицачи во светот. Постојат неколку видови на зебри, од кои секоја се одликува со различен начин на обојување: Гревиева зебра, планинска зебра и обична зебра (позната и како Берчелова зебра).
Зебри | |
---|---|
Equus quagga boehmi | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Непарнокопитни |
Семејство: | Equidae |
Род: | Equus |
Подрод: | Hippotigris |
Видови | |
Equus zebra |
Зебрите се членови на семејството Equidae која исто така ги вклучува и коњите и магарињата. Најраниот познат предок на животните во ова семејство било мало животно наречено хиракотериум или еохипус кој живеел пред 60 милиони години за време на плеистоценот. Животните кои се сметаат за директни наследници на модерниот коњ, магаре и зебра се појавиле во Европа, Африка и Азија пред околу 4 милиони години за време на плиоценот.
Како и другите членови на семејството на коњи, и зебрите се пасечки животни. Тие ја добиваат својата енергија од трева, лисја и корења. Зебрите имаат многу грабливци, а најчести се лавот и хиените, но во последните 200 години и луѓето се голема закана за нивниот опстанок. Квагата, зебра со линии на главата и вратот, но често без линии по страните, живеела во Јужна Африка до 1870-тите, кога се ловела до изумирање. Денес, Гревиевата и планинската зебра се во опасност од истребување поради ловот и уништувањето на нивните живеалишта.