Западноукраинска Народна Република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Западноукраинска Народна Република или Западноукраинска национална република (украински: Західноукраїнська Народна Республіка; скратено украински: ЗУНР), позната по дел од своето постоење како Западна област на Украинската Народна Република (украински: Західна область Української Народної Республіки или украински: ЗО УНР) — краткотрајна држава која го контролирала поголемиот дел од Источна Галиција од ноември 1918 до јули 1919 година. Ги вклучувалаградовите Лавов, Тернопил, Коломија, Дрохобич, Борислав, Станиславив (сега Ивано-Франковск) и десниот брег Пшемишл, а презела и делови од Буковина и Карпатска Рутенија. Политички, Украинската Национал-демократска партија (претходник на меѓувоениот Украински национален демократски сојуз) доминирала во законодавното собрание, водена од различни степени на грчко-католичка, либерална и социјалистичка идеологија.[1] Други застапени партии биле Украинската радикална партија и Христијанско-социјалната партија.
Западноукраинска Народна Република | ||||||
Західноукраїнська Народна Республіка (украински) Zachidnoukrajinśka Narodna Respublika | ||||||
Делумно призната држава (1918–1919) Спорна автономна област на Украинска Народна Република (1919 година) Влада во егзил (1919–1923) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Химна Ще не вмерла України Šče ne vmerla Ukrajiny "Украина сè уште не загинала" | ||||||
Западноукраинска Народна Република во 1918 година | ||||||
Главен град | Лавов (Лемберг) (до 21 ноември 1918) Тернопол (до крајта на 1918) Станиславив Залештики (јуни 1919) | |||||
Јазици | официјален: украински малцински: полски, јидиш | |||||
Вероисповед | 58.9% Украинска гркокатоличка црква 27.8% Катинска црква 4% Јудаизам 1.3% останати | |||||
Уредување | Република | |||||
Претседател | ||||||
- | 1918 | Кост Левички | ||||
- | 1919 | Јевен Петрушевич | ||||
Законодавство | Украински национален совет | |||||
Историски период | Меѓувоен период | |||||
- | Основана | 1 ноември 1918 | ||||
- | акт за обединување | 22 јануари 1919 | ||||
- | егзил | 16 јули 1919 | ||||
- | Се распушти владата во егзил | 15 март 1923 | ||||
Валута | австроунгарска круна | |||||
Денес во | ||||||
ЗУНР се појавила како отцепена држава среде распадот на Австроунгарија и во јануари 1919 година номинално се обединила со Украинската Народна Република (УНР) како нејзина автономна Западна област. Полска, исто така, имала право на оваа територија, и до јули го окупирала поголемиот дел од неа и ја принудила западноукраинската влада на егзил. Кога Украинската Народна Република кон крајот на истата година одлучила дека ќе ја замени територијата за сојуз со Полска против Советска Русија, прогонетите западноукраински власти раскинале со Украинската Народна Република. Прогонетата влада продолжила со своето барање додека не се распуштила во 1923 година.
Грбот на ЗУНР бил азурен, златен лав. Боите на знамето биле сина и жолта, со сина во многу посветла нијанса отколку во современото украинско знаме.