Западни Инди
островски регион во Карибите / From Wikipedia, the free encyclopedia
Западни Инди — регион во Северниот Атлантски Океан и Карибите кој ги опфаќа островските земји и околните води на три големи островски групи: Големите Антили, Малите Антили и Лукајскиот Архипелаг.[1]
Во регионот влегуваат сите острови во околу Карипското Море, како и Бахамите и островите Туркс и Кајкос, кои се во Атлантскиот Океан. Во извесни случаи кон нив се вбројуваат и некои земји од северот на Јужна Америка кои имаат културно-историски врски со западноиндиските острови.