Жан Филип де Шезо
швајцарски астроном / From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан Филип Лоа де Шезо (француски: Jean-Philippe Loys de Chéseaux; 4 мај 1718 – 30 ноември 1751 ) — истакнат швајцарски астроном од Лозана. Во 1746 г. претставил список на маглини (од кои осум сопствени откритија) на собир на Француската академија на науките, објавен за пошироката јавност дури во 1892 г. од Гијом Бигурдан. Шезо бил меѓу првите што го поставил тврдењето за конечноста на вселената, подоцна познат како Олберсов парадокс, кој вели дека ако вселената бескрајна, ноќното небо би било светло.
- C/1743 X1 — со Дирк Клинкенберг
- C/1746 P1
Помалку позната е неговата работа на полето на библискиот времеслед, во обид точно да го утврди денот на Христовото распнување според астрономските набљудувања во старозаветната книга „Даниил“. Ова дело е објавено посмртно во неговите спомени (Mémoires posthumes de M. de Cheseaux, 1754).