Ефемерида
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ефемерида (од старогрчки: ἐφημερίς - „дневник“) — книга со табели во која се внесени податоци за траекторијата на астрономските тела и вештачките сателити на небото како положбата (понкогаш брзината) со текот на време. Во минатото ова биле физички книги со пресметани податоци по периоди. Пресметката на овие таблици е една од првите за кои се користеле механички сметачи. Современите ефемериди се во електронски облик, но печатените сè уште се издаваат.
Астрономската положба пресметана од ефемерида често се изразува со сферни поларни координати за ректасцензија и деклинација, заедно со растојанието од почетокот, кога е приенливо. Појавите за кои се користат ефемериди се затемнувањата, привидното повратно движење/застој, планетарни стапувања, ѕвездено време, положжбите на средните и вистинските јазли на Месечината, месечевите мени и положбите на малите небесни тела како Хирон.
Ефемеридите се користат во небесната навигација и астрономијата, но и во астрологијата.[1] ГПС-сигналите вклучуваат ефемеридни податоци за пресметување на положбата на сателитите во орбита.