Ерменска Висорамнина
висорамнина во западна Азија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерменска Висорамнина (ерменски: Հայկական լեռնաշխարհ, Хајкакан лернашхарх) — планинско подрачје на северот на западна Азија и највисока од трите висорамнини во регионот.[1] На запад се граничи со Анадолската Висорамнина што постепено се издига од низинското крајбрежје на Егејското Море на просечна висина од 910 м.[1] Во Ерменија, висорамнината нагло се искачува од 900 на 2.000 м во просек.[1] На југоисток се граничи со Иранската Висорамнина, каде надморската височина набргу се спушта на 600-1.500 м.[1]
Ерменска Висорамнина Հայկական լեռնաշխարհ | |
Планини на висорамнината кај турско-иранската граница | |
Земја | Ерменија Азербејџан Грузија Иран Турција |
---|---|
Највисока точка | Арарат |
- височина | 5.137 м |
- координати | 39°17′1″N 44°16′16″E |
Површина | 400.000 км2 |
Сателитска снимка на Ерменската Висорамнина
|
Во антиката подрачјето се нарекувало Голема Ерменија и имало важна улога во развојот на ерменската цивилизација и претставува една од трите геополитички области на ерменскиот народ (другите две се Мала Ерменија и Софена). Во средниот век на висорамнината се доселиле туркиски народи во мошне голем број. Поради ова го добила и името Туркоманија.
Низ историјата, на висорамнината живееле повеќе разни народи како Хуроурарти, Ерменци, Грузијци, Асирците, Курди, Персијци, Грци, Арапи, Турци и Монголци. Христијанското население во западната половина на подрачјето е истребено со Ерменскиот геноцид во почетокот на XX век.
Денес најбројни народи се Ерменците, Азерите, Грузијците, Курдите и Турците.