Ерик Црвениот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерик Торвалдсон (старонордиски: Eiríkr Þorvaldsson; 950 — околу 1003), познат како Ерик Црвениот (старонордиски: Eiríkr hinn rauði)[1] — норвешки викинг, запаметен во историјата како основачот на првата нордиска населба во Гренланд. Според преданијата, Ерик е роден во Јарен во округот Ругалан, Норвешка, како син на Торвалд Асвалдсон, поради што неговото презиме изведено од името на татко му гласи — Торвалдсон (Ерик Торвалдсон). Додавката „Црвениот“ ја добил најверојатно поради црвената боја на косата[2] и на неговата брада.[3] Лејф Ериксон, познатиот истражувач на Исланд бил син на Ерик.
Кратки факти Ерик Црвениот, Роден(а) ...
Ерик Црвениот | |
---|---|
Ерик Црвениот | |
Роден(а) | околу 950 Норвешка |
Починал(а) | околу 1003 Гренланд |
Националност | Норвежанец (Нордиец) |
Занимање | Истражувач |
Познат(а) по | Ја основал првата населба во Гренланд |
Вера | Нордиски паганство |
Партнер | Тјохилдр (Þjóðhildr) |
Деца | Фрејдис, Лејф Ериксон, Торвалд Ериксон and Торстеин Ериксон |
Затвори