Емилијански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Емилијанскиот е западноромански јазик, кој воглавно се зборува во регионот Емилија во Италија. Според податоците на УНЕСКО, јазикот го зборуваат околу 2 милиони луѓе и според истата организација јазикот се смета за „дефинитивно загрозен“.[1] Според SIL International јазикот го зборуваат 3 милиони.[4]
Кратки факти Емилијански јазик, Застапен во ...
Емилијански јазик | |
---|---|
Emiliano Emigliân | |
Застапен во | Италија |
Говорници | 2 милиони (2008)[1][2] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Дијалекти | централноемилијански[3]
источноемилијански[3]
западноемилијански[3]
|
Писмо | латиница |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | egl |
Linguasphere | 51-AAA-oka ... -okh |
Затвори
Иако често јазикот се смета за италијански дијалект, сепак емилијанскиот не потекнува од италијанскиот. Одликите на јазикот се слични со францускиот, окситанскиот и каталонскиот јазик кои се дел од групата наречена „западни новолатински“, а италијанскиот е дел од групата на „источни новолатински“. Нема стандардна норма на емилијанскиот јазик.