Ел Греко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Доменикос Теотокопулос, попознат како Ел Греко, (шпански: [El Greco] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) (Ираклион, Кандија, 1541 — Толедо, 7 април 1614 ) бил сликар, вајар и архитект, претставник на Шпанската ренесансна уметност. Ел Греко се смета за голем мајстор на шпанското и европското сликарство, чиј поединечен, драматичен и експресионистички стил е познат во Европа во крајот на 16 и почетокот на 17 век. После релативниот заборав од 17 до 19 век, за неговите дела повторно се заинтересираат стручњаците и публиката во XX век.
Ел Греко | |
---|---|
Ел Греко | |
Познат(а) по | сликарство, вајарство, архитектура |
Значајни дела | „Погребот на грофот од Оргаза“, „Поглед на Толедо“ |
Правец | Маниризам; Доцна византиска уметност; Венецијанска уметност; Шпанска ренесансна уметност |
Додека живееел на Крит бил ценет иконописец чии дела биле под влијание на доцниот византиски стил. После заминувањето во Венеција неговите дела се под влијание на венецијанскиот стил на Тицијан и Тинторето, а во Рим ги проучува најзначајните дела на Микеланџело и Ватиканската античка скулптура. Во 1577 година се сели во Шпанија каде живеел и творел сè до крајот на својот живот. Во Шпанија развил сопствен стил кој се одликува со издолжени фигури и сопствен маниристички одлики со впечатлив контраст на боите. Неговите дела ги сочинуваат платна со големи димензии, главно изработени по нарачка за олтарите во црквите, како и портрети за некои кралски личности и свештеници.
Бил голем ерудит и познавач на класичната грчка книжевност и книжевностите од својата ера.