Европски бизон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европски бизон или зубар (науч. Bison bonasus) — евроазиски вид говедо, еден од двата преостанати видови од родот бизон (Bison), заедно со американскиот.
Европски бизон | |
---|---|
Европски бизони | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Шуплороги |
Род: | Бизон |
Вид: | Европски бизон |
Научен назив | |
Bison bonasus (Линеј, 1758) | |
Subspecies | |
| |
Распространетост на европскиот бизон: во холоценот (жолто), доцен среден век (темнозелено) и преостанатите единки во XX век (црвено) |
Во минатото ова животно бил многуо распространето во Европа и Азија, вклучувајќи ја источна Македонија.[2] Доведен е до исчезнување со прекумерен лов; последните единки се убиени во Бјаловјешката Шума (на полско-белоруската граница) во 1919 г. и во северозападен Кавказ во 1927 г. Денешните европски бизони во дивина се повратени во неколку земји Европа од единките во зоолошките градини и денес живеат по шуми. Немаат позначајни непријатели, до исклучок на некои случаи на напади од волци и мечки во забележани XIX век. Прв научно ги опишал шведскиот биолог Карл Линеј во 1758 г. Ова животно е различно од турот — изумрениот предок на домашното говедо.
Во 1996, Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП) го прогласил европскиот бизон за загрозен вид, а подоцна, со подобрувањето на состојбата, му го доделил статусот на ранлив вид. Во средниот век ова животно било често убивано поради кожата и за изработка на рогови за пиење.
Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]