Еврејски нос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еврејски нос или нос на Евреин[1] ― обично претеран народносен стереотип[2] кој се однесува на закачен нос со конвексен назален мост и свртување надолу на врвот на носот.[3] „Еврејскиот нос“ бил издвоен како непријателска карикатура на Евреите во средината на 13 век во Европа, и оттогаш станал дефинирачки и постојан елемент на еврејскиот стереотип.[4][5] Во денешно време, од друга страна, тоа е исто така усвоено од многу Евреи како дел од нивниот народен идентитет.
Истражувањата покажале дека овој вид на нос е најзастапен во средоземните и блискоисточните региони, каде што е подеднакво распространет кај еврејското население како и кај другите месни населенија.[6][7][8] Сепак, меѓу еврејските заедници надвор од средоземните и блискоисточните региони, како што е оној во Соединетите Држави, таканаречениот „еврејски нос“ станал прифатен од страна на дел од неговите носители како дефинирачка одлика на нивниот еврејски идентитет[9][10] со општ став кон особина која се променила од главно негативна во главно позитивна од 1950-тите.[11]