Евклидова геометрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евклидовата геометрија или елементарната геометрија е математички систем разработен во Египет од древногрчкиот математичар Евклид од Александрија. Неговото дело „Елементи“ е најраниот составен систематски текст за геометрија, кој станал една од највлијателните книги во историјата на човештвото.
Евклид воведува мал број на аксиоми и врз основа на нив докажува многу други тврдења (теореми). Иако многу од резултатите кој ги добил Евклид биле утврдени од други грчки математичари пред него, тој прв покажал како овие тврдења можат да се нападнат заедно во еден општ дедуктивен и логички систем.