Ева Перон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ева Перон или Марија Ева Дуарте де Перон (родена на 7 мај 1919 година — починала на 26 јули 1952 година) — втора сопруга на претседателот Хуан Перон (1895-1974) и служела како Прва дама на Аргентина од 1946 година до нејзината смрт во 1952 година. Таа често се нарекува едноставно Ева Перон или само Евита.
Ева Перон | |
---|---|
Прва дама на Аргентина | |
На должноста 4 јуни 1946 – 26 јули 1952 | |
Претседател | Хуан Перон |
Претходник | Конрада Викторија Фарел |
Наследник | Мерцедес Лонарди (1955) |
Претседател на Фондација Ева Перон | |
На должноста 8 јули 1948 – 26 јули 1952 | |
Претходник | Основана функција |
Наследник | Делија Пароди |
Лични податоци | |
Роден(а) | Ева Марија Дуарте 7 мај 1919(1919-05-07) Лос Толдос, Аргентина |
Починал(а) | 26 јули 1952(1952-07-26) (возр. 33) Буенос Аирес, Аргентина |
Партија | Justicialist Party Перонска Феминистичка Партија |
Сопружник | Хуан Перон (1945–1952) |
Потпис |
Таа била родена во селото Лос Тодлос во Аргентина во 1919 година, четврто дете од вкупно пет деца. Во 1934 година на петнаест години заминала во главниот град, Буенос Аирес, во потрага по нејзината кариера како сценска и филмска глумица. Ева го запознала Колонел Хуан Перон на 22 јануари 1944 година во Буенос Аирес, за време на еден добротворен настан во Луна Парк Стадиум за жртвите од земјотресот во Сан Хуан, Аргентина. Двајцата стапиле во брак следната година. Во 1946 година, Хуан Перон бил избран за Претседател на Аргентина. Во текот на наредните шест години, Ева Перон станала моќна жена првенствено поради настапувњето во одбрана на правата на работниците. Исто така, таа раководела со министерството за труд и здравство, ја основала и ја водела добротворната Организација „Ева Перон“, се борела за правото на глас на жените во Аргентина и ја основала и ја водела првата голема политичка партија на жените, Перонска Феминистичка Партија.
Во 1951 година, Ева Перон се откажала од перонистичката номинација за потпретседател на Аргентина. Со тоа, таа добила голема поддршка од базата на перонистичката партија и од Аргентинците од работничката класа кои биле нарекувани парталковци или „''descamisados''“. Сепак, противењето на воените сили и буржоазијата на народот, како и нејзината влошена здравствена состојба ја натерале да се повлече од кандидатурата.[1]. Во 1952 година, кратко пред да почине од рак на 33 години, Националниот конгрес на Аргентина ѝ доделил титула за „Духовен водач на народот“[2][3]. Ева Перон имала службен, државен погреб и покрај тоа што не била избрана за претседател на Аргентина.
Кристина Алварез Родригес, правнука на Ева Перон, тврди дека Ева никогаш не ја напуштила колективната свесност на Аргентина. Кристина Фернандес де Кирхнер, првата жена избрана за претседател на Аргентина, тврди дека жените од нејзината генерација и должат на Ева за „нејзиниот пример за страст и борбеност“[4].