Ебола
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ебола — заболување кај човекот предизвикано од вирусот ебола.[1] Симптомите на оваа болест вообичаено се појавуваат два дена до три седмици по заразувањето со вирусот, со треска, воспаление на грлото, мускулни болки, и главоболки. Потоа, вообичаено следуваат мачнина, повраќање и дијареја, проследено со намалена функција на црниот дроб и бубрезите. Во тој период, кај некои лица почнуваат да се јавуваат проблеми со крварење.[1]
Кратки факти Ебола, Специјалност ...
Ебола | |
---|---|
Слика од 1976 година на која се прикажани две медицински сестри пред Маинга Н., личност заболена од вирусот ебола. Таа починала неколку дена подоцна поради тешки внатрешни крварења. | |
Специјалност | Заразна болест |
Затвори
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |