Дружината на Лорд Чемберлејн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дружината на Лорд Чемберлејн — театарска дружина за која Шекспир творел најголемиот дел од неговиот живот. Формирана при крајот на еден турбулентен период во театарскиот свет во Лондон, до 1630 година таа станалa една од двете водечки театарски дружини во градот и како резултат на тоа, влегла под раководство на Џејмс I. Било основано за време на владеењето на Елизабета I во 1594, под водство на Прв Барон Хадсон, а потоа и од Лорд Чемберлејн, кој бил задолжен за забавување на Дворот. По смртта на покровителот на дружината на 23 јули 1594, таа била под водство на неговиот син, Џорџ Кери, Вториот Барон Хадсон, а била попозната под името Дружината на Лорд Хадсон додека не станал Лорд Чемберлејн, во март 1597, при што се променило и името на дружината. Дружината се преименувала во Кралската дружина во 1603 кога Џејмс I го наследил престолот и станал патрон на дружината. Компанијата си ги задржала ексклузивните права да ги изведува драмите на Шекспир.