Дишен систем
органски систем во телото / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дишниот систем или респирација е органски систем специјализиран за овозможувањето на дишењето како еден од основните биолошки процеси кои го условуваат животот. Кај посложено градените животни се јавуваат неколку видови на органи за дишење, и тоа трахеи, кожа, жабри и бели дробови.
Кратки факти Дишен систем, Податоци ...
Дишен систем | |
---|---|
Шематски приказ на дишниот систем кај човекот. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | systema respiratorium |
TA | A06.0.00.000 |
FMA | FMA:7158 |
Затвори
Трахеите се органи за дишење кај повеќето инсекти. Кожата служи и како орган за дишење кај водоземците, додека жабрите се среќаваат кај рибите и некои мекотели.