Димитриј Цариградски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Димитриј Цариградски, роден како Димитрос Пападопулос (8 септември 1914 во Истанбул- 2 октомври 1991 во Истанбул) — Цариградски патријарх во периодот од 16 јули 1972 до 2 октомври 1991 година. Пред да стане патријарх, тој бил Митрополит Имброски.
Кратки факти Димитриј Цариградски, Црква ...
Димитриј Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Димитриј Цариградски | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Ракоположен | 2 ноември 1991 |
Службата завршила | во служба |
Претходник | Атенагора Цариградски |
Наследник | Вартоломеј I |
Лични податоци | |
Световно име | Деметриос I |
Роден | 8 септември 1914
Истанбул, Турција |
Починал | 2 октомври 1991
Истанбул, Турција |
Националност | Грк |
Вероисповед | православие |
Живеалиште | Цариградска патријаршија, Фенер, Истанбул, Турција |
Занимање | Патријарх |
Занимање | Теолог |
Затвори
На 30 ноември 1979 година, тој го означил почетокот на богословскиот дијалог помеѓу Православната и Римокатоличката црква, на чие чело во тоа време се наоѓал Јован Павле II. Во текот на 1987 година престојувал во Ватикан, каде бил примен од страна на Јован Павле II. Во базиликата Свети Петар, патријарсите на т.н. исток и запад го рецитирале на грчки јазик, Никејскиот симбол на верата.