Дивизија
воена единица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дивизија — основна оперативно-тактичка воена формација во рамките на корпус или армија. Постои во сите три гранки на вооружените сили: копнена војска, воздухопловство и морнарица, но најчесто се користи во копнената војска. Дивизијата може да биде: моторизирана, оклопна, делумно моторизирана и пешадиска. Дивизијата во копнената војска обично се состои од 3-5 полка, односно 3-4 бригади, а со тоа брои од 10.000 до 20.000 припадници. Командантот на дивизијата има чин генерал, а најчесто тоа е генерал-мајор, генерал-полковник или дивизиски генерал. За време на војна, дивизијата делува како независна воена формација во рамките на корпусот.
НАТО симболи на картите[1] |
---|
Пријателска комбинирана дивизија |
Непријателска комбинирана дивизија |
Пријателска пешадиска дивизија |
Пријатељска воздушно-десантна пешадиска дивизија |
Непријателска тенковска дивизија |
Во повеќето армии, дивизијата е составена од неколку полкови или бригади, а неколку дивизии обично образуваат корпус. Историски гледано, дивизијата била разбирана како единица со комбинирано вооружување способна за независни операции. Помалите единици со комбинирано вооружување, како што е американскиот полковен борбен тим (ПБТ) за време на Втората светска војна, биле користени кога условите биле погодни. Во поново време, современите западни армии почнале да го прифаќаат помалиот бригаден борбен тим[2] (сличен на ПБТ) како стандардна единица со комбинирано вооружување, при што дивизијата на која ѝ припаѓаат е помалку важна.
Во поморската употреба „дивизија“ има сосема поинакво значење, се однесува на административна/функционална подединица одделение, на пр. бродови на крајбрежната стража, крајбрежна команда и во единиците на поморската авијација (вклучувајќи ги морнарицата, маринците и авијацијата на крајбрежната стража), на подединица од неколку бродови во рамките на флотила или ескадрила, или на два или три отсеци на авиони кои делуваат под назначен водач на дивизијата. Некои јазици, како што се рускиот, српскиот, хрватскиот и полскиот, исто така користат сличен збор, дивизион/дивизијун/дивизјон за артилерија или коњичка единица со големина на баталјон.