Дервентски папирус
древномакедонски папирус / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дервентски папирус — древен папирус, пронајден во 1962 г. во некрополата на древномакедонскиот град Лете на превојот Дервент, кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, Егејска Македонија. Се смета за најстариот зачуван ракопис во цела Европа и датира од времето на кралот Филип II Македонски.