Денали
највисока планина во Северна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Денали (којуконски: Denalicode: koy is deprecated = „Висока“); до 2015 г. Макинли (англиски: [Mount McKinley] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help))[3] — највисока планина во Северна Америка, чиј врв е на надморска височина од 6.168 м и има најголема самостојна висина (од основата до врвот) од сите планини што се издигаат исклучиво над морското ниво.[4] Планината го зазема третото место по истакнатост во светот, по Монт Еверест и Аконкагва. Сместена е во Алјаскиот Венец, во внатрешноста на сојузната држава Алјаска и претстаува главна знаменитост на Националниот парк Денали. Називот „Макинли“ го носела во чест на Вилијам Макинли — претседател на САД од 1897 до 1901 г.
Денали | |
---|---|
Denali | |
Поглед на северната страна на Денали | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 6.168 м (NGVD 29)[1] |
Истакнатост | 6.144 м [2] 3-та |
Заведена како | седум врвови, ултра, највисока во земјата |
Географија | |
Место | Национален парк Денали, Алјаска, САД |
Матичен венец | Алјаски Венец |
Топокарта | USGS Mt. McKinley A-3 |
Искачување | |
Прво освојување | 7 јуни 1913 Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум |
Најлесен пат | по Западниот Потпорник (искачување по ледник/снег) |
Првиот Европеец што ја забележал планината е Џорџ Ванкувер во 1794 г. Во 1903 г. е направен првиот обид за нејзино искачување, но завршил неуспешно. Првото потврдено освојување го напаравиле Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум во 1913 г.[5]