Дворјанско собрание
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дворјанското њобрание (рус. Дворянское Собрание) било самоуправно тело на дворјанскиот сталеж во царска Русија од 1785 до 1917 год. Седниците биле ниво на губернии и уезди.
Престедателот на собранието се нарекувал „Губерниски (узеден) предводник на дворјанството“ (рус. Губернский (уездный) предводитель дворянства). Ова собрание управувало како со самото дворјанство, така и со локалните работи на целото општество. По Селската реформа во 1861 и подоцнежните реформи, собранието продолжило да се занимава само со работите на дворјанството .
Институцијата престанала да постои по Октомвриската револуција.
По распадот на СССР во 1990 потомците на руското благородништво го основаат Руското Дворјанско Собрание (рус. Российское Дворянское Собрание), која е неполитичка организација од јавен карактер.[1]