Даљен
град во Љаонинг, Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Даљен (традиционален кинески: 大連, поедноставен кинески:大连, пинјин: Dàlián) ― потпровинциски пристанишен град во покраината Љаонинг, Народна Република Кина,[2] и е втор по големина град во Љаонинг (по главниот град на провинцијата Шенјанг) и трет најголем град во Североисточна Кина.
Даљен 大连市 | |
---|---|
Град | |
Местоположба на градот Даљен во Љаонинг | |
Country | Кина |
Покраина | Љаонинг |
Населен | 1899 |
– Пренесување на суверенитетот на Јапонија (Договор од Шимоносеки) | 17 Април 1895 |
– Руска окупација (Даљниј) – Јапонска окупација | 3 март 1898 – 2 јануари 1905 1905 – 15 август 1945 |
– Пренесување на суверенитетот на Кина | 16 април 1955 |
Површина | |
• Град | 13.743 км2 (5,306 ми2) |
• Земјишна | 12.573,85 км2 (485,479 ми2) |
• Градска | 5.766,2 км2 (22,263 ми2) |
• Метро | 3.169,2 км2 (12,236 ми2) |
Надм. вис. | &1000000000000002900000029 м |
Население (попис од 2020)[1] | |
• Град | 7.450.785 |
• Густина | 540/км2 (1,400/ми2) |
• Градскo | 5.736.383 |
• Градска | 99/км2 (260/ми2) |
• Метро | 5.106.719 |
• Метро | 160/км2 (420/ми2) |
GDP (nominal) | |
• Total | CNY 823.42 милјарди ($119.76 милиони) |
• По глава на жител | CNY 117,850 USD 17,141 |
• Раст | ▲ 6.5% |
Час. појас | Стандардно кинеско (UTC+8) |
Поштенски број | 116000 |
Повик. бр. | 0411 |
Мреж. место | dl.gov.cn |
Градот се наоѓа на јужниот крај од Полуостровот Љаодунг, и тој е најјужен град во Љаонинг и во Североисточна Кина. Преку Даљенскиот Залив (составен дел од Корејскиот Залив) излегува на Жолто Море.
Според пописот од 2020 година, имал вкупно население од 7.450.785 жители од кои 5.106.719 живееле во урбанизирана област.
Денес, градот е финансиски, транспортен и логистички центар за Источна Азија. Во минатото Даљен и неговите пристаништа биле често користени од странски сили. Даљен претходно бил познат како „ Даљниј“ [3] (руски: Дальний), „Дајрен“ (јапонски: 大連), и „Луда“ или „Лута“ (кинески: ). Порано градот бил познат и како „Порт Артур“ и „Рјоџун“ (јапонски: 旅順) од оригиналниот Порт Артур, израснала денешната градска област Лушунку.
Во 2016 година, Даљен бил на 48-мо место на Индексот на глобалните финансиски центри.[4] Во 2012 година, Даљен бил на 82-ро место на глобалниот индекс на конкурентност на градовите. [5] Во 2006 година, од страна на China Daily Даљен бил прогласен за најповолен град за живеење во Кина. [6]