Гу Кајџе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гу Кајџе (трад. 顧愷之, упр. 顾恺之, пинјин: Gù Kǎizhī) (~ 344-406) бил прочуен сликар од стара Кина. Професионално бил нарекуван „Чангканг“ (长康).[1] Роден е во Вусји, денешна покраина Џангсу, а започнал со сликарската дејност во 364 г. во Нанѓинг. Во 366 г. станал офицер (大司馬參軍), а подоцна бил унапреден во царски офицер (散騎常侍). Бил надарен и како поет и калиграф. Напишал три дела од областа на сликарската теорија: „За сликарството“ (畫論), „Вовед во славните слики од династиите Веј и Џин“ (魏晉勝流畫贊) и „Сликање на планината Јинтај“ (畫雲台山記). Во едно дело Гу Кајџе напишал: „Во сликите каде што се претставени личности, облеката и надворешниот изглед не биле така важни. Душата се гледала во очите, и затоа тие биле пресудни.“[1]
Денес делата на Гу Кајџе се познати преку ролните кои се копии на оригиналите. Голем дел од поважните дела се чуваат по разни музеи во странство.