Гренландски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гренландскиот или калалисутски јазик — ескимско-алеутски јазик кој главно се зборува во Гренланд од околу 57.000 жители. Гренландскиот јазик е сроден со староседелските јазици во Канада, особено со инуитските јазици. Стандардниот гренландски јазик се заснова на западниот дијалект наречен калалисутски и истиот е единствен службен јазик во Гренланд од 2009 година. Покрај западниот, гренландскиот е составен од источен или тунумитски дијалект и поларно-ескимски или инуктунски дијалект.
Гренландски јазик | |||
---|---|---|---|
Kalaallisut | |||
Застапен во | Гренланд, Данска | ||
Подрачје | Северна Америка | ||
Народ | Калалити | ||
Говорници | 58,000 (2002) | ||
Јазично семејство | ескимско-алеутско
| ||
Статус | |||
Службен во | Гренланд[1] | ||
Регулативен орган | Oqaasileriffik (Гренландски јазичен секретаријат)[2] | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | kl | ||
ISO 639-2 | kal | ||
ISO 639-3 | kal | ||
|
Гренландскиот е полисинтетичен јазик кој дозволува создавање на долги зборови преку комбинирање на корени и афикси. Гренландскиот создава свои зборови за нови технолошки појави, но во последно време јазикот директно прифаќа зборови од англиско или данско потекло. Јазикот се пишува на латиница уште од данската колонизација во 170-те години. Првиот гренландски правопис бил создаден од Самуел Клајншмит во 1851, во јазикот од тогаш доста многу се променил, најмногу во поглед на гласовниот систем. Со реформите од 1973 година, гренландското писмо се поедноставило и станало полесно за изучување.