Грб на Израел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грбот на Израел (хебрејски: סמל מדינת ישראל) е официјален грб на државата. Грбот е составен од син штит со бели рабови. На самиот штит има приказ на бела менора опколена од бели маслинови гранчиња. Во подножјето на гранчињата има натпис „Израел“ или „ישראל“. Штитот е секогаш во сина боја, додека менората и гранчињата можат да бидат и во златна боја. Грбот е официјално усвоен во 1949 година.