Графички техники и технологии
From Wikipedia, the free encyclopedia
Графички техники и технологии претставуваат материјали, постапки и начини на нивна употреба при печатење и создавање на уметнички дела графика. Карактеристично за овој медиум и начин на изработка на уметничките дела се: најпрво изработката на матрицата, од која цртежот или ликовната постапка се отсликува - втиснува на хартијата или некоја друга подлога. Исто така по правило во оваа техника графичките отпечатоци, благодарение на матрицата можат да се печатат во два и повеќе примероци - тиражи, со што графичкиот отпечаток, како уметничко дело заради својата мултиоригиналност е една од најдемократските и најдостапни уметнички дисциплини. Методот на графичките техники за обработка на матрицата - подлогата може да биде: механички, хемиски и фотохемиски. Според тоа како е изработен и обработен цртежот на матрицата, релјефно, длабинско или рамно, се разликуваат три главни графички методи на печатење: релјефно, длабинско и рамно соодветно.[1]