Граници на Албанија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Границите на Албанија (албански: Copotimimi i Shqipërisë) — термин кој се користи за територијата која ја опфаќа Албанија, по прогласувањето на својата независност на 28 ноември 1912 година. Разграничувањето на новоформираното Кнежевство Албанија под условите на Лондонската конференција од 1912 и 1913 година и амбасадорите на шестте големи сили од тоа време (Велика Британија, Франција, Германија, Австроунгарија, Русија и Италија) го оставиле албанското и неалбанското население на двете страни на границата. Претставниците на албанското национално движење го сметаат ова за поделба на териториите населени со Албанци, како и териториите содржани според предложениот Албански вилает[1][2][3].
По воспоставувањето на албанската држава, постоеле планови за понатамошна поделба на Албанија за време на Првата светска војна[4]. Сепак, Албанија не била поделена и го задржала своето независно постоење[5]. Дополнителни планови за поделба биле преговарани за време и по Втората светска војна[6].
За разлика од тоа време, денес сè погласни се дискусиите од различни албански политичари ококу создавање на Голема Албанија, која би опфаќала делови од Грција, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.