Голем инквизитор
претседател на советот на Шпанската инквизиција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Голем инквизитор (латински: Inquisitor Generalis, букв. генерален иквизитор) — началник на инквизицијата. Звањето обично е однесува на главниот инквизитор на Шпанската инквизиција. Вакво звање носеле и генералните секретари на Римската инквизиција, иако нивната улога и должности биле различни.
Оваа статија се однесува на за црковна служба. За поемата во „Браќа Карамазови“, погл. Големиот инквизитор (Достоевски).
Кратки факти Голем инквизитор Inquisitor Generalis, Назначувач ...
Голем инквизитор
Inquisitor Generalis | |
---|---|
Назначувач | монархот |
Прв функционер | Томас де Торкемада |
Создадена | 1483 |
Последен функционер | Херонимо Кастиљон и Салас |
Укината | 1820 |
Затвори
На чело на Португалската инквизиција исто така стоел голем или генерален инквизитор назначен од папата, но избран од кралот, секогаш меѓу членовите на кралското семејство.
Најпознатиот голем инквизитор бил шпанскиот доминиканец Томас де Торкемада, кој се смета за основоположник на инквизицијата.