Големите исчекувања
From Wikipedia, the free encyclopedia
Големите исчекувања (англиски: Great Expectations) — тринаесетти роман на Чарлс Дикенс. Централна тема на романот е личниот развој на сиракот именуван Пип. Ова е втор роман на Дикенс, после Дејвид Коперфилд, кој целосно е напишан во прво лице. Првично, романот бил издаден во вид на серијал во неделникот „Низ текот на целата година“ („All the Year Round“) од 1 декември 1860 до август 1861.[1] Во октомври 1861 година Чапман и Хал го издал романот во три тома.[2]
Насловна од првото издание од јули 1861 година. | |
Автор | Чарлс Дикенс |
---|---|
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | англиски |
Жанр | роман |
Објавена | во серија 1860-1; книга 1861 |
Издавач | Чапман и Хал |
Медиум | печатена |
Страници | 544 (прво издание од 1861) |
Приказната се одвива во Кент и Лондон во раните години на 19 век[3] и во него се опишани некои од најзначајните сцени на Дикенс.[4] „Големите исчекувања“ е преполн со екстремни сцени - сиромаштија, затвори на бродови, ланци и борви до смрт[4]— и има разновиден сет на ликови кои станале дел од популарната култура низ светот, а особено англо-говорниот свет. Делата на Дикенс се испреплетени од љубов и одбивања, богатство и сиромаштија, борбата меѓу лошото и доброто и слично.[4] Овој роман е популарен меѓу читателите и критичарите, а истиот е преведен на скоро сите светски јазици.[5][6]