Голема Колумбија
поранешна република во Јужна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Голема Колумбија или Гран Колумбија, официјално Република Колумбија (шпански : República de Colombia) ― држава која постоела од 1819 до 1831 година и опфаќала голем дел од северна Јужна Америка и дел од Средна Америка. Државата ги опфаќала денешна Колумбија, континентален Еквадор (т.е. со исклучок на островите Галапагос ), Панама и Венецуела, и делови од северен Перу, северозападен Бразил и Гвајана. Термините Голема Колумбија и Гран Колумбија се користат за историографски за да се разликува од денешната Република Колумбија,[2] кое било и официјално име на поранешната држава.
Република Колумбија | ||||||
República de Colombia (шпански) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Химна Marcha Libertadora (Марш на слободата) | ||||||
Голема Колумбија | ||||||
Главен град | Богота | |||||
Јазици | шпански | |||||
Вероисповед | Римокатолицизам | |||||
Уредување | Федерална претседателска република | |||||
Претседатели | ||||||
- | 1819–1830 | Симон Боливар Естанислао Вергара и Санз де Сантамарија | ||||
- | 1830, 1831 | Доминго Кајседо | ||||
- | 1830, 1831 | Хоакин Москера | ||||
- | 1830–1831 | Рафаел Урданета | ||||
Законодавство | Конгрес | |||||
- | Горен дом | Сенат | ||||
- | Долен дом | Претставнички дом | ||||
Историја | ||||||
- | Основана | 17 декември[1] 1819 | ||||
- | Устав од Кукута | 30 август 1821 | ||||
- | Војна со Перу | 1828–1829 | ||||
- | Распаѓање | 19 ноември 1831 | ||||
Валута | Пијастра | |||||
Основана е со прогласување на уставот во Кукута во 1821 година врз основа на одлуката донесена на Ангостурскиот конгрес од 1819 година.
Голема Колумбија била конституирана како унитарна централистичка држава.[3] Во целокупното нејзино постоење се водела борба меѓу фракциите кои се залагале за централизирана влада и оние кои биле за децентрализирана, федерална форма на владеење. Истовремено, се појавила и друга политичка поделба: оние кои го поддржувале Уставот од Кукута и две фракции кои се обиделе да го укинат Уставот, едните со цел распаѓање на земјата на помали републики, а другата за одржување на унитарниот карактер, но создавање на уште посилно претседателство. Фракцијата која го поддржувала уставот застанала зад потпретседателот Франциско де Паула Сантандер, а оние кои се залагале за создавање на посилно претседателство биле предводени од претседателот Симон Боливар. И двајцата се бореле во војната против шпанската власт, но од 1825 година, нивните разлики многу придонеле за политичката нестабилност на земјата.
Голема Колумбија се распаднала во 1831 година поради политичките разлики меѓу поддржувачите на федерализмот и централизмот, како и регионалните несогласувања меѓу народите што ја сочинуваа републиката. По распадот се создале државите Колумбија, Еквадор и Венецуела, а Панама се отцепила од Колумбија во 1903 година. Поради тоа што територијата на Голема Колумбија во голема мера се совпаѓала јурисдикцијата на поранешното Поткралство Нова Гранада, таа, исто така, полагала право на карипскиот брег од Никарагва, Брегот на Комарците, како и поголемиот дел од Есекиба.