Големата рецесија
светска финансиска и економска криза од крајот на 2007 до 2012 г. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Големата рецесија или финансиска криза од 2007 г. е финансиска криза предизвикана од намалувањето на ликвидноста на банкарскиот систем во САД. Таа резултираше со колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од национални влади и падови на берзанските пазари ширум светот. На многу места, страдаше и пазарот со недвижнини, резултирајќи со многу иселувања, запленувања и продолжени одмори. Многу економисти сметаат дека е најлошата финансиска криза после Големата криза од 1930-тите. Таа придонесе за пропаѓање на клучни бизниси, намалување на потрошувачката моќ пресметано во трилиони американски долари, значителен пад на економската активност, а владите мораа да преземат важни чекори. Многу мерки, со различна тежина биле предложени од експертите. Пазарни, но и регулаторни решенија се имплементирани, или пак се разгледуваат, додека сѐ уште има големи ризици за светската економија за периодот од 2010-2012 г.
Колапсот на глобалниот пазар со куќи, кој го достигна врвот во САД во 2006, предизвика драстично паѓање на вредноста на акциите поврзани со недвижнините, наштетувајќи им на финансиските институции ширум светот. Прашањата во врска со платежната способност на банките, неможноста за издавање кредити и недовербата на инвеститорите имаа удар врз глобалните берзи, каде што акциите доживеаа големи падови за време на крајот на 2008 и почетокот на 2009. Економиите во светот забавија во овој период какошто кредитните услови се затегнаа, а меѓународната трговија опадна. Критичарите тврдат дека агенцииите за кредитен рејтинг и инвеститорите не успеале прецизно да го оценат ризикот при финансиските зделки поврзани со хипотеки, а владите не ги прилагодиле нивните регулаторни практики кон финансиските пазари на 21 век. Владите и централните банки одговорија без преседан со фискално стимулирање, проширување на монетарната политика и финансиска помош на институциите.