Голгота
From Wikipedia, the free encyclopedia
Голгота или Калварија — рид во Ерусалим каде што според Библијата е распнат Исус Христос. Овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но со ширењето ридот бил вклучен во градот. Латинскиот збор Калварија значи „череп“, името е дадено бидејќи ридот поради обликот на камењата потсетува на череп. На ова место се вршени многу погубувања во стариот век.